Аеродром во Рим воведе „паметна кацига“ против ширење на коронавирусот- ја мери температурата на патниците од 7 метри

 

Аеродромот „Фјумичино“ во Рим е прв во Европа кој воведува „паметни кациги“ за мерење на температура со цел спречување на ширење на коронавирсот.

Во прашање се преносни мерачи на температура или термички скенери во облик на шлем што им овозможуваат на вработените во аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание до седум метри.

Ако уредот измери температура над 37,5, ќе следи медицински преглед.

Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот „Фјумичино“ за нормализирање на воздушниот сообраќај што е можно поскоро, со максимална здравствена безбедност на патниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега