Мицкоски: За СДСМ грев е што спортувам, а не е грев што крадат од народот

Вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека денес според СДСМ не е грев да се краде, да се лаже, да се предава сопствениот народ. Грев за оваа Влада е да се спортува и да се оди на планина.

-Изминатиот месец дена ми се случија такви недозволени снимања уште во 2-3 наврати. Едниот пат беше кога ја подигав мојата спортска опрема од вежбалната каде што вежбам, да точно кога тоа беше, нели нормално и дозволено со закон. И вториот пат кога со пријателите се спуштав од Водно, тогаш повторно осамна слика на еден Фејсбук профил, а потоа се рашири како еве го Мицкоски на Водно, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е грев да човек да планинари, грев е човек да оди во теретана да вежба, а не е грев тоа што некој на дневна основа прави криминал, на дневна основа има корупција, на дневна основа има лаги, предавства, за жал сето ова е нормално за СДСМ.

-Систем на невредности ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев практично го практицира изминатиов период во нашава држава. А, сето ова кое што можеби е некоја позитивна вредност ете да спортувате, да одите во природа е грев, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега