Студентите смрзнаа: Нема парно во озлогласениот „Медицинар“
Студентите сместени во студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ познат како „Медицинар“ сеуште немаат парно греење. Иако во останатите студентски домови втора недела е вклучено греењето, жителите на овој дом ја немаат таа среќа па се жалат дека ноќе состојбата е неподнослива. Студентите не можат да ги вклучат грејните тела кои ги донеле од дома зашто за нивно користење следуваат високи казни од управата која секојдневно врши контрола во собите.
„Ова е капак на се што и онака трпиме во овој дом. Условите се најблаго речено катастрофални. Лебарки, глувци, нечистотија.. сега и студ. Никој нема разбирање за нашата состојба а плаќаме дури и повеќе откулку да изнајмиме стан во главниот град“, вели за Press24 студент сместен во овој студентски дом кој инсистира на анонимност.
По реконструкцијата на студентскиот дом „Стив наумов“, „Медицинар“ остана црна дупка во која се сместуваат само студентите кои не добиле подобра шанса и немаат никаков друг излез. Дека условите се лоши се зборува со години.