ВМРО-ДПМНЕ: Освен со здравствена криза, граѓаните се соочуваат и со епидемија на економска неспособност на владата

Владата на СДСМ е во тотална безидејност, како да ја оправда економската катаклизма. За жал поради задоцнетите и непотполни мерки кои ги носат и кои по три пати ги менуваат илјадници луѓе остануваат без работа, а огромен број стопански субјекти се пред затворање., велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Фатмир Битиќи.

„Тоа е едниот проблем кој што го има македонската економија, а вториот кој што е уште поголем е што оваа неодговорна власт досега генерирала 120 милиони  евра долг од почетокот на годината и со тоа потрошила 43% од планираниот дефицит во буџетот за целата година. Со други зборови, уште не пребројани економските штети од епидемијата со корона вирусот, Македонија веќе има генерирано 250 евра нов долг за секое семејство. Да потсетиме дека оваа власт донесе одлука да финансира и фирми кои ќе отпуштаат вработени, па така додека во светот сите се борат за секое работно место и финансиски поддржуваат вработеност, кај нас имаме случај владата финансиски да поддржува отпуштања.

 

Ова значи дека освен епидемија со корона вирус, граѓаните се соочуваат со епидемија на економска неспособност не економскиот тим на Владата.

 

Бројките кои се презентираат се оптимистички, бидејќи реалноста ќе биде уште полоша. Ваквата власт која троши за предизборни цели, нема економски  капацитет да се прави со надоаѓачката економска криза. Искуството говори дека досега во време кога немаше криза Македонија бележеше најниско ниво на раст на БДП во споредба со регионот, па оттука и стравувањата дека и овој пат со оваа власт резултатите ќе биде меѓу најлошите во регионот“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега