Неочекувано: Хакери им се извинија на своите жртви

 

Напаѓачи познати како Шејд Ренсомвајр (Share Ransomware) гии затворија сите малициозни операции објавија над 750.000 клучеви за енкрипција и им се извинија на своите жртви за нанесената штета.

Оваа група функционира уште од 2014 година, па за разлика од другите кои ги избегнуваа Русија и Украина, на Шејд Ренсомвајр целеше жртви главно од овие две земји.

Операцијата почна да стагнира кон крајот на минатата година, па во тоа време престана диструцијата на нови ренсомвајери.

Напаѓачите потоа ги отворија клучевите за енкрипција. Во соопштението може да се прочита дека станува збор за хакери кои се одговорни за нив

Освен клучевите, на жртвите им биле понудени и упатства за враќање на податоците, но според експертите кај голем дел од уредите воопшто нема да функционираат.

Овие групи заробуваат податоци или замрзнуваат уреди сѐ додека жртвата не ја плати отштетата што ја бараат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега