Поради коронавирусот Епл ги поевтини Ајфоните

 

Компанијата Епл денeска го претстави новиот буџетен Ајфон од серијата СE, во црна, црвена и бела боја.

Вградената меморија е од 64, 128 и 256 ГБ и цената зависи од меморијата. На американскиот пазар ќе се продава по 399, 449 или 549 долари, зависно од капацитетот на меморијата. Што всушност ќе биде за 50 долари поевтин од досега најевтиниот iPhonea 8, кој заминува во пензија.

Овој модел е наменет за корисниците кои сакаат помал екран и кои не се во можност да платат од 800 до 1.100 долари за моделите од серијата 11.

Работи со класично кружно копче со вграден сензор за отпечаток на прстите, и батеријата може да се полни безжично.

Телефонот е со можност за користење две сим-картчки. Ширината на екранот е 4.7 инчи, поседува задна и предна камера, предната е се 12 мегапиксли, а задната со седум. Поседува бионичен процесор за обработка на фотографии и можност да се вклучи режим на портрет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега