Коронавирусот донесе низа промени на Вибер
Вибер во текот на последните недели забележал раст на бројот на пратени групни пораки за 134 отсто во однос на последната недела на јануари, а бројот на групни повици е зголемен за 370 отсто.
Бројот на нови дневни корисници на Вибер во март пораснал за 18 отсто, а просечното траење на повиците е за 35 отсто подолго.
Во апликацијата се воведени и промени меѓу кои е и бројот на учесници во групни аудио повици е зголемен од 5 на 20 луѓе истовремено.
Исто така, воведени се и нови стикери „Остани дома“.
08.04.2020 - 22:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа