Потпишување договор за полициска соработка меѓу Македонија и Молдавија

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на Десетиот состанок на Комитетот на министри за внатрешни работи во рамки на Европската конвенција за полициска соработка на земјите од ЈИЕ во Букурешт.

Министерката Јанкулоска ќе оствари средба со молдавскиот колега Дорин Рецеан. За време на средбата ќе биде потпишан договор за полициска соработка меѓу двете земји.

18.10.2013 - 09:24

најчитано сега