Се спаси од затвор сопругата на екс-министер на ВМРО-ДПМНЕ
Се спаси од затвор сопругата на екс министер на ВМРО-ДПМНЕ која беше една од обвинетите во случајот со грабежот во Македонска пошта. Иако беше прогласена за виновна, таа доби условна затворска кражба за случајот со кражбата во поштата во Чаир кога исчезнаа 220.000 евра. Условна казна доби ќерката на функционер на ДУИ заедно со уште 5 лица. За разлика од нив, 4 години зад решеки ќе мине благајникот во поштата и двајцата транспортери. Сите одговараа за несовесно работење. Во истрагата утврдени се голем број пропусти во работењето што им овозможило на крадците, низ незаклучената врата да влезат во поштата и да украдат 220.000 евра, пари за детски додаток.
Разбојниците се уште не се откриени.
17.10.2013 - 21:23