Стартуваше судењето за грабежот на Поштата во Чаир
Во Основниот суд Скопје 1 денеска стартуваше судскиот процес за грабежот во Поштата во скопски Чаир кој се случи во јули оваа година.
Според обвинителството, одговорни за грабежот се 10-мина вработени во „Македонска Пошта“- управничката на пошта Чаир, двајца раководители, еден главен благајник во поштата, двајца стручни соработници за безбедност, еден пошторазнесувач, еден раководител на самостојната служба за безбедност, раководителката на самостојната служба за внатрешна контрола и раководителот на подружницата во Пошта. Десетмината вработени се товарат за несовесно работење.
Денеска во Кривичниот суд се појавила и третообвинетата, ќерка на екс функционер на ДУИ, која до денеска беше во бегство. Истражен судија и изрекол мерка притвор.
Третообвинетата пред Судот тврдела дека не била на работа кога се случил грабежот - била втора смена. Таа истакнала дека била задолжена да врши контрола на шалтерските работници, а не да следи кој влегува кој излегува од вратата. Според неа, решетката на вратата ја отвора делачот, а ја затвора таа или нејзината колешка, со која има исто работно место.
Во судницата се расправало околу тоа које одговорен за сигурносната врата и безбедносната решетка, бидејќи според обвинението, двајцата крадци влегле во Поштата преку незаклучена и необезбедена врата и решетка.
И останатите обвинети ги отфрлиле обвинувањата, тврдејќи дека работеле согласно законот и процедурите за работа во Пошта.
Во тек се завршните зборови на одбраната, па потоа ќе следува и пресудата за случајот.
Извор: Плусинфо