Јанкулоска на министерска конференција во Букурешт

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре ќе учествува на министерска конференција во Букурешт, која се одржува во рамки на Салцбург Форумот. Форумот е посветен на новите предизвици на европските полиции во сферите на внатрешните работи и правда.

Според најавите, Јанкулоска ќе учествува и на десетиот состанок на Комитетот на министри во рамки на европската конвенција за полициска соработка на земјите од ЈИЕ.

На маргините од министерските состаноци, Јанкулоска ќе има билатерални средби со министерот за внатрешни работи на Молдавија Дорин Рецеан, како и со директорот на Европската канцеларија за поддршка на азилот Роберт Висер. 

17.10.2013 - 08:31

најчитано сега