Костадинов: Мицкоски да предложи министер согласно Уставот и утре да формираме техничка влада

 

 Христијан Мицкоски да преземе одговорност и да предложи кандидат за министер за внатрешни работи кој ќе биде во согласност со Уставот, повика портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој посочи дека доколку биде прифатлив предлогот за МВР, уште утре Зоран Заев ќе поднесе оставка и ќе се формира техничка влада.

-На 12 април нереформираното ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги чека уште еден убедлив пораз – рече Костадинов.

Според него, во најголемата опозициска партија ништо не се променило од времето кога на нејзино чело беше Никола Груевски.

-Исто како и Груевски, и Мицкоски тврдоглаво нема доблест да ги признае сопствените грешки. Во белиот дворец им стана навика да не прифатат ништо разумно, дури и кога цела нација гледа дека со нивнот предлог го кршат уставот – рече потпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега