ВМРО-ДПМНЕ: Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда на чело со Заев

Во 2020та не смеат да се повторат грешките од минатата. Мора да се стави крај на оваа криминалнo рекетарска банда не чело со аболицираниот криминалец Заев. Мора да се стави крај на поразите и срамот кој што Заев им го испорача на граѓаните во 2019-та година, велат во соопштение утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во 2020та не смее да се повтори криминалот и корупцијата, расипништвото и неработата на оваа банда која за три години ја клекна на колена Република Македонија.

„Оние 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија и беа заборавени од власта ќе го испратат Заев во политичка пензија. Сите оние кои овие 3 години беа ограбувани, угнетувани и понижувани од оваа власт ќе кажат доста е, бидејќи сакаат подобра иднина за нивната земја.

 Доаѓа времето за обнова на Македонија, време на суштински реформи и успешна и просперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како нашата држава да ја стави на брзата трака за членство во Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ  може и знае како нашата држава да ја доближи до европскиот стандард и западните традиционални вредности.

Граѓаните на 12 април ќе изберат мерит систем наместо непотизмот. Ќе изберат успех на државата наместо порази на секој чекор. Ќе изберат силна економија и дигитално општество кое ќе го замени расипништвото кое го донесе Заев. Доаѓа време на обнова на Република Македонија“ стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2020 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега