ВМРО во четврток ќе пресече за министерот во МВР

До втори јануари претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да предложи ново име за технички минстер  за внатрешни работи. Ова премиерот Зоран Заев му го кажал во телефонскиот разговор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи предлогот Драган Ковачки бил противуставен, јавува Алсат.

 

„Останатите кандидати се прифатливи бидејќи не се под обвинение. За МВР очекуваме да дадат друг кандидат до 2 јануари. Предлогот Драган Ковачки не е во согласност со членот 97 од Уставот кој предвидува раководител во одбраната или полицијата пред изборот најмалку три години да биде цивил“, наведуваат од СДСМ.

„Очигледна е желбата на СДСМ да бега од избори и да се противи на професионализам. Кога СДСМ го толкува Уставот, освен парцијалното гледање на работите, добро е да го погледнат и членот 23 од Уставот“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.12.2019 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега