Николовски: Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество

 
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски  по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик - 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

- Честитајќи ви го денешниот празник, сакам да го истакнам значењето на образувањето на мајчиниот јазик, кое е од особено значење за негувањето  на обележјето на еден народ.

Република Северна Македонија е еден живописен мозаик во кој живеат различни народи, со различни култури и јазици. И токму оддржувањето во  живот на тие посебни обележја на различностите не прави нас како држава посебни.

Живеејќи  заедно, ја градиме нашата  заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит. Турската заедница е значаен дел од македонското мултиетничко општество кое се темели на доверба и заедништво.

Затоа заеднички да  продолжиме по патот кој оддамна заедно  го одиме, заеднички да придонесуваме во градењето на просперитетна иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија- стои во честитката.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега