Арсовски: Сакал или нејќел, по 12 април Зоран Заев ќе одговара се направениот криминал

Јавното обвинителство е во спрега со власта на Зоран Заев и тоа е јасно како ден за секој еден граѓанин, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Поминаа неколку дена од јавно признание на бизнисменот Киро Тошевски, кој на национален медиум на гостување самиот потврди дека бил предмет на рекетирање од  страна на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев кој е добро познат на јавноста како главниот бизнисмен на фамилијата кои голем дел од државните тендери ги има под своја капа. Во најмала рака Јавното обвинителство требаше да отвори случај и да го истражи по допрен глас, да ги истражи сите индиции за рекетирање на бизнисмени и тоа во случај кога рекетарот кој се споменува јавно на телевизија од страна на жртвата е братот на премиерот на државата, и веднаш  да ги расчисти сите сомнежи за рекет на фамилијата Заеви. Јавното признание кое што беше посочено од страна на бизнисменот Тошевски во петокот говори дека тој лично бил цел на закани, уцени и навреди од страна на братот на премиерот, Вице Заев се со цел да му се обезвредни атрактивен имот и истиот да биде купен по багателна цена. Посочено беше дека бил повикуван на разговори во еден струмички угостителски објект, а дополнително бил контактиран и од самиот Зоран Заев. Бизнисменот говори дека со административни постапки во општина Гази Баба, кај што градоначалник е од редовите на СДСМ му бил континуирано обезвреднуван имотот со крајна цел тој да заврши во рацете на фамилијата Заеви, всушност и не можеме да очекуваме нешто друго од нив. Повторно, огромен скандал за рекетирање, се обидуваат да го заташкаат на секој можен начин. Според тврдењата за кои требаше да чуе и обвинителството, вмешани биле сите и Заеви и Муареми и Кирацовски и Катица Јанева и Боки 13, ама изгледа целата јавност слушна, само обвинителството е глуво за можниот скандал и криминал на власта. Затоа прашуваме кога ќе се отвори истрага за овој случај и кога ќе се расчистат сите сомнежи во врска со овој случај? Еве зошто Заев не сака независно обвинителство и независен правосуден систем, истакна Арсовски.

Но, сакал или нејќел Зоран Заев, после 12 април, сите сомнежи и индиции за криминал ќе бидат расчистени и правдата ќе дојде на свое место, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега