ВМРО-ДПМНЕ: Заев викаше ,,ајро ајро нема воздух'' а три години со прст не мрдна

 

Македонија се гуши. Алармот свети црвено. Зоран со прст не мрдна да го подобри квалитетот на воздухот. Ова го велат денеска ВМРО-ДПМНЕ.

- Загадувањето во Скопје вчера рушеше рекорди, а Шилегов во емисија наместо да одговори зошто нема направено ништо ги навредуваше граѓаните дека го мразат зошто се сиромашни. Петре, не се сите богати како тебе со анкетен лист од над милион евра, но верувај граѓаните не те мразат затоа што се сиромашни, туку затоа што ти веќе трета година не направи ништо за Скопје. И додека ти си објаснуваш за тоа кој те мрази, а кој те сака, Скопје се гуши. Умира. Загаденоста не беше ништо помалку и во останатите градови. Во Битола нивото на ПМ 10 честичките надмина 840, што е за 16 пати над дозволеното. Се гушеше и Струмица, каде Зоран Заев три мандати беше градоначалник, во смог беше потонато и Тетово, велат тие.

Додаваат дека граѓаните се соочуваат со катастрофа од епски размери. Болниците се полнат. Никој ништо не презема.

- Негрижата за здравјето на луѓето мора да престане. По 12 април следуваат мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега