СДСМ: Креираме мерки за младите да не си одат од државата

СДСМ како одговорна партија изминатиот период донесе низа мерки и реформи со кои ја потврдува вистинската грижа за сите граѓани, особено за младите. Ова денеска преку соопштение го велат од партијата.

- Вложувањето во човечкиот капитал е потврда дека за  СДСМ сите граѓани се важни. Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството. Младинскиот  додаток ќе се исплаќа на сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Потоа, младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување, велат од владејачката партија.

Додаваат дека преку оваа мерка, истовремено придонесуваат за подобрување на животниот стандард на младите и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.

- Подолжуваме да креираме и спроведуваме мерки што го унапредуваат животниот стандард на младите и обезбедуваат можности за младите да останат тука. Иднината на нашата држава е во човечкиот капитал и ќе продолжиме да инвестираме во него, велат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега