Реџепи: СДСМ влегува во конфликт со ДУИ за да ги врати албанските гласови, а препукувањата оркестрирани

Генералниот секретар на Алтернатива, Зејд Реџепи, партија која е коалиционен партнер на СДСМ во Владата, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ истакна дека СДСМ свесно влегува во конфликт со ДУИ се со цел да ги врати албанските гласови, кои гласаа за СДСМ само за да ја казнат ДУИ.

Реџепи додава дека веќе се разговара во партиските тела за таа понуда на СДСМ и наредниот период ќе се направи сериозна анализа за да се донесе конечна одлука.

Тој истакна дека последните партиски препукувања меѓу ДУИ и СДСМ можно е да се оркестрирани од самите партии со цел да привлечат повеќе гласови.

„Оваа игра може да биде затоа што Албанците кои гласаа за СДСМ, повеќето од нив гласаа само за да ја казнат ДУИ, затоа сметам дека последниве препукувања може да се оркестрирани“, додаде Реџепи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега