Тарчуловски до Бошковски: Љубе седнат во скутот на Заев најмалку има право да го повикува Мицкоски

Гледам дека Љубе седнат во скутот на Заев се интересира за ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Од друга страна, интересот на ВМРО-ДПМНЕ е да има ТВ дуел со оној кој што му диктира на Љубе вака да пишува, а тоа е Зоран Заев, се со цел да се дискутира за катастрофалните политиките што ги води во државата. Иако е осмислено од советниците за ПР на Заев, кои се со средно училиште, сепак е премногу.

И кога сме кај ВМРО, Љубе седнат во скутот на Заев, најмалку има право да зборува за ВМРО и да го повикува Мицкоски, затоа што на ВМРО не му треба Љубе, но очигледно му треба на Заев, кој го продаде името, свитка кичма и не му е мака за тоа. Секој ден нова трговија, и се така додека Љубе си молчи, а Заев продава. Ете тие двајца, Љубе и Заев, може да си зборат за внатрешна и надворешна трговија и да си се восхитуваат еден на друг. Љубе да го восхитува Заев со инвестициите, а Заев да се фали со ФБ и Гугл, кои не дојдоа. И се така да си се лажат еден со друг, затоа што тоа најдобро го прават.

Црни Љубе, помина твоето време во политиката, а гледам од инвестициите ви врват само оние домашните, во 4 очи, а странските ги нема. Уште 17 дена Заев премиер, исто толку и Љубе советник, напиша Јохан Тарчуловски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега