Судот остро реагираше на барањето на лидерот на СДСМ Шиповииќ да биде ослободен
Основниот суд Скопје 1 реагира на изјавата која вчера ја даде лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која апелира да биде укината мерката притвор за Мирослав Шиповиќ.
На оваа изјава судот денеска реагира дека претставува обид да се вовлече судската власт во јавни политички уцени кон извршната и законодавната власт спротивно на темелните вредности на уставниот поредок на Македонија предвидени во Член 8 од Уставот.
- Упатениот апел до судот да ја укине конкретната мерка притвор против определени лица и нивни соработници и да им дозволи да се бранат од слобода не претставува законски утврдена форма и начин на спроведување на судска постапка, ниту апелот претставува основ за преоценка на одлуката на судот која е донесена единствено согласно Уставот на Република Македонија и Законот за кривична постапка, се вели во соопштението од Судот.
Инаку, Шиповиќ е првовосомничен во случајот Претседавач, за финансиски криминал во фирмата Машинопромет, тежок милион евра