Шиповиќ во притвор во Австрија ќе остане уште неколку месеци

Шиповиќ во притвор во Австрија ќе остане  уште неколку месеци. Согласно судската пракса, предметите за екстрадиција на лица кои во Македонија се бараат за сторени кривични дела, никогаш не завршила порано од 3 месеци. Оттука, станува јасно дека Претседателот на Советот на општина Центар, од екстрадиционен притвор во Австрија, најверојатно нема да излезе до крајот на оваа година. 
Од полицијата за Press24 велат дека утрово телефонски биле известени дека Шиповиќ е уапсен на аеродромот во Виена. Согласно процедурите, кога МВР ќе добие писмено известување од колегите во Австрија ќе го извести македонското министерство за правда за да почне да ја подготвува документацијата за барање на екстрадиција. 

15.10.2013 - 12:18

најчитано сега