Хуманитарна аукција за децата со посебни потреби од Велес и Чашка
Во просториите на Ликовниот салон во Велес синоќа се одржа хуманитарна аукција на уметнички слики наменета за децата со посебни потреби од Велес и Чашка.
На хуманитарната аукција биле понудени 19 уметнички слики и една скулптура, од кои се продале половината со што се собрани 70 илјади денари кои ќе бидат наменети за понатамошна работа на Сервисот за домашна подршка и посета на лицата со попречености.
- Со финансиска подршка на проект од ЦИРА сервисот мошне успешно функционираше во изминатите шест месеци во Велес и Чашка со два стручни тима од дефектолог, физиотерапевт и психолог, изјави Далиборка Златева, претседател на здружението и додаде дека по поддршката што ја добиле од локалната власт на Велес за натамошно функционирање на сервисот се надеваат дека ќе добијат поддршка и од Министерството за труд и социјална политика.