Шиповиќ: Се плашам

 

Во 11:40 Мирослав Шиповиќ треба да слета во Македонија. Медиумите блиски до опозицијата најавија дека тој со лет од Виена ќе пристигне во земјава каде се очекува да биде уапсен од полицијата откако Истражниот судија му одреди мерка притвор од 30 дена

„Се враќам доброволно, по сознанието дека сум баран се враќам во Македонија со првиот можен лет во кој имаше место. Се плашам, но сакам да верувам во правдата и затоа доаѓам“, вели Шиповиќ за Плусинфо

Шиповиќ е првоосомничен во случајот Претседавач. Полицијата го сомничи за криминал тежок еден милион евра.

14.10.2013 - 22:20

најчитано сега