Македонци туристи во Ханиоти останаа без таблички и се вратија со искршени возила
Македонски граѓани на градничниот премин Богородица пријавиле дека за време на првомајските и велигденските празници, додека престојувале во Грција, им биле оштетени автомобили и украдени регистарските таблички, дознава Press24 од свои извори. Информацијата ја потврди и полицијата. Од таму велат дека на македонско-грчката граница се пијавиле 5 возила на кои им биле украдени регистарските таблички, а едно возило било и оштетено. Сите престојувале на првиот крак на Халкидики, во местото Ханиоти.
Ова не е прв пат возила на македонски туристи да бидат на мета на грчки националисти.