Научниците открија планета која талка без ѕвезда

 

Научниците во последно време често откриваат се поголем број нови планети, а нивното последно откритие е планетата PSO J318.5-22. Оваа планета е поразлична од останатите егзопланети по тоа што нема ѕвезди. Се работи за планета оддалечена 80 светлосни години од Земјата со маса шест пати помала од онаа на Јупитер.

- Никогаш претходно не сме виделе планета која слободно се движи во вселената. Таа ги поседува сите квалитети кои можат да се најдат кај помладите планети, освен тоа што нема ѕвезди. Секогаш се прашував постојат ли вакви планети, а сега конечно дојдов до одговорот, вели еден од научниците.

 

14.10.2013 - 10:41

најчитано сега