ВИДЕО: "Ми го изгоре лицето но не и душата" - прозборе Македонката на која и беше запалено лицето

Дана Вулин, Македонката од Австралија која пред една година беше донесена со изгорено лице во болницата во Перт, по хоророт кој го преживеа конечно си ја отвори душата и за телевизијата "Канал 7" раскажа за трагичното искуство.

- Кога се разбудив од кома бев сосема скршена. Морав да прифатам дека никогаш повеќе нема да изгледам како што изгледав. Душата ми беше скршена, чувствував како ја губам“, вели младата девојка за Канал 7.

Македонката раскажува и за моментот на трагичниот настан: - „Го покрив лицето со моите раце, почнав да врескам и веќе наредниот момент бев во пламен. Тие се смееја. Ме гледаа како горам и истрчаа од мојот стан“, изјавува Вулин.

И покрај тоа што и се случи, Македонката од Австралија на судењето изјави дека не го мрази напаѓачот за тоа што и го направил.

- „Луѓето велат дека мора да ја мразам , но јас не ја мразам. За да се мрази некого треба непотребно многу да се троши и време и енергија“. „Таа за мене е само едно ништо. Таа не ме победи. Ментално јас сум истата, но ми го уништи лицето, ми го уништи мојот изглед, а тоа беше доволно за неа“, вели Вулин за телевизијата Канал 7.

За потсетување, девојката Натали Димитриовска која го запали лицето на Македонката поради љубомора бидејќи нејзиниот сопруг се гледа со згодната русокоса, доби казна затвор во траење од 17 години.

13.10.2013 - 14:47

најчитано сега