И ЕУ по примерот на НАТО: Решение на спорот за името услов за влезот на Македонија

 

 

Европската унија е на пат да и постави услов на прием на Република Македонија идентичен со оној на НАТО од Самитот во Букурешт. Тоа значи дека Македонија ќе може да влезе во ЕУ и НАТО само доколку го реши македонско-грчкиот спор за името.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова е се појасно откако во претстојниот извештај на Европската комисија за Македонијан, освен нова петта по ред позитивна препорака за почеток на преговорите за членство, неформалната влада на Унијата ќе предочи дека без одлагање ќе мора да се реши спорот со нашиот јужен сосед.

Тоа, пак, значи дека Брисел оди по патот на Алијансата, чиј заклучок од Самитот во 2008 година дека Македонија ќе стане дел од НАТО откако ќе се договори за сопственото име со Грција, завчера во Атина го повтори и генералниот секретар Андерс фог Расмусен.

Во Еврокомисијата официјално не сакаат да коментираат ништо околу извештајот додека Филе не го објави на 16-ти овој месец. 

12.10.2013 - 14:18

најчитано сега