ФОТО: Ахмети ја заврши посетата во Брисел
Лидерот на ДУи, Али Ахмети, ,ја заврши посетата на Брисел, Хаг и Париз. Тој се сретна со новоименуваниет Директор на Директоратот за Проширување, Г. Кристиан Дениелсон, по што истотака приреди работен ручек за Постојаните Претставници на Грција и Бугарија при Европската Унија, истотака ја посета Германската Постојана Мисија при НАТО, центарот Независен Дипломат како и Белгиското Министерство за Надворешни Работи.
Претседателот Ахмети му честиташе на Директорот Дениелсон за новата задача и изрази надеж дека Македонија ќе добие датум за преговори за време на неговиот мандат. Лидерот на ДУИ продолжи со елаборацијата на заедничките достигнување на Македонија во соработка со меѓународната заедница, но нагласи и на оваа средба дека сите тие постигнувања се загрозуваат со нерешавањето на прашањето со името.
Претседателот Ахмети нагласи дека Македонија се наоѓа пред избор од два правци, патот на интеграцијата или тој на изолацијата. Ние го одбравме патот на изолацијата како единствена заедничка иднина на сите граѓани на Македонија.
Токму за тоа решение треба да се дебатира отворено и храбро во нашето општествосо поглед кон иднината и да се претстават сите аргументи за и против патот на интеграцијата или тој на изолацијата.
На ручекот со Постојаните Претставници на Грција и Бугарија при Европската Унија, Претседателот Ахмети побара да се интенсивизира дијалогот помеѓу соседите и страните да седнат за да разговараат околу отворените прашања за да се решат час поскоро.
Додека, во Постојаната Мисија на Германија при НАТО и во Министерството за Надворешни Работи на Белгија, но и во центарот Независен Дипломат, Претседателот Ахмети ја подвлече потребата за директо вклучување на институциите на ЕУ, но и на земјите членки на ЕУ, во унапредувањето на преговорите помеѓу Македонија и Грција и постигнување на решение затоа што само така се заштитуват постигнувањата од Охридскиот Договор, мирот, стабилноста и сигурноста, меѓуетничките односи, меѓусоседските односи, но и се овозможува сојијален благодет и економски развој.
Сите соговорници на сите средби на Лидерот Ахмети во Брисел, Хаг и Париз ги поздравија дипломатските активности на Г. Ахмети велејќи дека овие конструктивни напори за земјата се добредојдени и дека ја враќаат Македонија повторно во агендата на Европските центри.