Весна Петрушевска: Едвај спасивме жива глава од пожарот
Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец - Алексиќ, заедно со членови на Советот и општинската администрација го посети семејството Петрушевски, чиј дом утрово беше зафатен од пожар.
Според првичните информации на општината, причинета е само материјална штета.
Општинската прес-служба соопшти дека Беличанец - Алексиќ ветила еднократна финансиска помош за семејството, а еднократен надомест ќе даде и општинскиот Совет. Висината на финансиската помош, ќе се дефинира по направениот увид од надлежните органи.
За расчистување и санирање на штетите на располагање на семејството ќе бидат сезонските работници и механизацијата од општината.
Домот го посети и министерот за труд и социјала Диме Спасов.
Актерката Весна Петрушевска која во куќна наметка истрчала од домот за Телеграф вели: „Едвај спасивме жива глава“
Пожарот избувна утринава во семејниот дом на Петрушевски во Скопска Кисела вода.
Фотографии можете да погледнете тука