Костадинов: Заев е подготвен за лидерска средба, без поминување на црвените линии

Портпаролот на СДМ, Костадин Костадинов во емисија на ТВ 21 кажа дека премиерот Зоран Заев е подготвен за лидерска средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но само доколку не се газат црвените линии.

-Премиерот Заев јасно кажа дека е расположен за средба, нема никаков проблем. Се што е во однос на коректноста, во однос на подобрувањето на законското решение, а е однесува во однос на Законот за Јавно обвинителство, подготвен е да седнеме, доколку има нови идеи и предлози, без притоа да имаме поминување на црвените линии, коишто значат амнестија на криминалците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, може да седнеме да разговараме - кажа Костадин Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега