Денеска дождот ќе не дружи цел ден

Денеска во Македонија не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во западните делови ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во скопската котлина ќе има услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

 

11.10.2013 - 10:04

најчитано сега