СДСМ: ВМРО поттикнува насилство кон лекарите

ВМРО ДПМНЕ е против укинувањето на квотите за лекови, СДСМ решава децениски проблеми. Ова денеска го велат од СДСМ.

- ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во својата безидејност e против секоја мерка што го олеснува животот на граѓаните и ги решава долгогодишните проблеми. Преку членот на извршнот комитет Игор Николов и неговите ставови во дебатна емисија, ВМРО-ДПМНЕ порача дека е против укинувувањето на квотите за лекови во аптеките и поттикнува насилство кон лекарите. Со укинувањето на квотите за лекови во аптеките се решава долгодошниот проблем со недостиг на лекови и се става крај на турканиците и нервозите во аптеките и ординациите, велат од владејачката партија.

СДСМ велат како одговорна партија, продолжува со спроведување на мерките и политиките што го подобруваат животот  на граѓаните и го унапредуваат системот на здравствена заштита.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега