СДСМ: Решен децениски проблем, укинати квотите за лекови на рецепт

СДСМ го исполни ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт. Граѓаните без проблеми ги подигнуваат потребните лекови од која било аптека, кој било ден од месецот, без страв дека ќе се потроши квотата, се вели во соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решива деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец.

„Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепти.

Со конкретни мерки и политики во здравството докажуваме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи.

Го вративме достоинството на здравствените работници и постојано го унапредуваме системот за здравствена заштита.

СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем, се грижиме за сите граѓани“ стои во партиското соопштение на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега