Јаулевски: Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање

-Една година откако власта го изгласа Законот за високо образование, тој е само празно слово на хартија. Студентите не можат да делегираат свои претставници во телата на факултетите и универизтетите, студентското организирање е буквално уништено. Претставниците од власта кои навидум декларативно се бореа за посилна студентска организација ја угушија и онаа која што постоеше и се сместија во удобните владините фотелји. Студентите и оваа година немаат подобри услови за студирање, нема повисоки стипендии, нема подобри услови во студентските домови, а за изградба на ветениот студентски град  не станува ниту збор. Не работи ниту Одборот за акредитација и евалуација, кој треба да го мери квалитетот на образованието.Затоа нашите универзитети и образованието тонат. И додека образованието се соочува со еден тон проблеми, власта наместо да се насочи кон развој на истото со ребалансот на буџетот кратеше средства од ставката за образование. Власта која нанесе огромна штета врз образованието наскоро ќе си замине.Доаѓа време за обнова на Македонија, истакна Јаулески.

Нека им е среќен и успешен почетокот на студентската година на сите студенти и професори.Секогаш да се борат за подобро и поквалитетно високо образование. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде нивен сојузник, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега