Мицкоски во посета на месниот комитет Панде Кајзеро во Битола

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со членовите на месниот комитет Панде Кајзеро во Битола.

-Остварив посета на месниот комитет Панде Кајзеро и одржав состанок со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Едно е сигурно, оваа власт се одржува врз купишта лаги, измами и криминал. Сега сме во време кога гледаме како на филмска лента им се враќа како бумеранг секоја лага секоја, измама која ја направија. И тоа е најголем показател дека тие паѓаат, Заев паѓа, заевизмот се руши. Така почнува, им се откриваат лагите кои толку многу сакаат да не се откријат. Го гледаме нивното нечесно лице, гледаме дека цело време се возеа на килим од лаги, дека се било измама, се било фарса, се покажува нивниот неморал, немањето на систем на вредности. Тие балони на СДСМ полни со лаги се распрснуваат и пукаат во налет на времето кое покажува дека кај оваа власт се било труло и дека се одржува со измами.
Ние имаме визија за клучните и стратешки прашања и тоа веќе ќе биде дел од нашата програма. Но овој пат конкретните и поединечни проблеми ќе ги решаваме заедно. Три клучни чекори од Разговорите за Обнова на Македонија- Проблеми, Решенија Програма.
Затоа разговараме со вас, имаме образ да ве погледнеме во очи, да ни кажете што ве мачи и како тоа да го решиме, да ви ветиме дека заедно ќе се бориме за проблемите да исчезнат или да се намалат, и тоа ветување да го исполниме.
Време е!
Да разговараме, да си подадеме рака, и потоа рамо до рамо, срце до срце, да се зафатиме со работа која толку многу отсуствува во овој период.
Почнуваме РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!
#ОбноваНаМакедонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега