Битиќи: Владата предводена од СДСМ посветено работи на зголемување на платите и намалување на невработеноста

Граѓаните можат директно да ги почуствуваат вистинските економски реформи кои обезбедуваат достоинствени плати и подобар живот, истакна претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма.

-Владината програма се заснова на неколку столба меѓу кои се зголемување на минималната и просечната плата кои обезбедуваат достоинствен живот на сите граѓани.Остануваме посветени да ги реализираме ветувањата во „План за живот“ и до крајот на мандатот минималната плата да достигне до 16.000 денари. Ги слушаме социо-економските субјекти и чинителите во економијата со нивните сугестии, потреби и предлози и го мериме перформансот на сите мерки. Постојано сме со граѓаните и работиме исклучливо во нивни интерес – порача Битиќи.

 Битиќи се осврна и на Ребалансот на буџетот за 2019 години кој овозможува  субвенционирање на придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување до 100 евра, што воедно претставува поттик на работодавците да ја исплаќаат платата на вработените на сметка, а истовремено обезбедува сузбивање на сивата економија.

Тој додаде дека целокупната позитивна економска клима резултираше со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,5 отсто, а со ребалансот на буџетот дополнително се обезбедени 200 милиони денари за вработување.

-Се преземаат сет на мерки кои резултат ќе дадат на среден рок се’ со цел истите да бидат одржливи. Како Влада креираме политики кои ќе ја зголемат ефективноста и продуктивноста на вработените што директно влијае на зголемување на платите. Наша цел е преку системски мерки константно да ја намалуваме невработеноста, да нудиме поддршка за приватниот и јавниот сектор и да креираме нови, добро платени работни места – заклучи Битиќи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега