Мицкоски од Битола: Правда мора да има, апсолутна правда за победа и обнова на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Битола ја започна својата нова кампања „Обнова на Македонија“.

Тој на својот Фејсбук профил вели дека со жителите на Битола разговарал за обновата на државата како и за проблемите на битолчани за кои заедно ќе најдат решенија во блиска иднина.

-Бев во Битола. Разговаравме за Обновата на Македонија. Разговаравме за проблемите на Битолчани, а заедно ќе дојдеме и до решенија и програмата. Разговаравме и за тешката состојба, за неправдите. Ќе одговараат арамиите на власт, и правдата мора да стигне до главата на октоподот. Правда мора да има, апсолутна правда за победа и обнова на Македонија.
#ОбноваНаМакедонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега