Време: Во петок дожд - викендот како лето

Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигна брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 6°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 26°C, јавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 23°C.

Во сабота во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 28°C.

Во недела во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 29°C.

Појава на магла во утринските часови ќе има и во понеделник. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито во западна Македонија. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 27°C.

10.10.2013 - 21:43

најчитано сега