Кежаровски: Јас сум колатерална штета
Новинарот Томислав Кежаровски, кој во случајот „Ликвидација“ е обвинет за откривање на заштитен сведок за убиството во Ореше, денеска пред судот рече дека не направил никакво кривично дело и дека не загрозил ничиј живот, пренесува Канал 5.
-Немав намера никому да му наштетам, јас сум колатерална штета, рече новинарот Кежаровски во завршницата од судскиот процес.
Тој пред судот истакна дека си ја вршел својата новинарска работа и дека не го открил името на заштитениот сведок во „Ореше“. Неговите текстови ја откриле, како што рече, јавната тајна за работата на судовите и непочитувањето на судскиот деловник.
Како и останатите седум обвинети во „Ликвидација“ и Кежаровски рече дека очекува ослободителна пресуда.
10.10.2013 - 15:54
Фото:
Нова Македонија