Се реконструира делницата од Велес до Кадрифаково

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција и рехабилитација на делницата од Велес до Кадрифаково. 

Денеска директорот Љупчо Георгиевски   на прес-конференција истакна дека првата од трите планирани фази  на овој патен правец  која стартува денеска  е во должина од 4,7 километри ,  од клучката Велес до велешката депонија.

- Од клучката Велес до велешката депонија ќе биде прва фаза и ќе чини околу 1,3 милиони евра, а треба да заврши до крајот на градежната сезона, истакна  Георгиевски.

Втората фаза од изградбата ќе стартува идната година и е во должина од 8,9 километри, а ќе значи целосна реконструкција и проширување  на патот со нова трета лента до село Лозово од сегашните 6,4 на 11,1 метри, и ќе чини 6,4 милиони евра, додека последната трета фаза треба да стартува во мај 2014 година е  на релација  Лозово-Сарамзалино-Кадрифаково и е во вкупно должина од 10,7 км  а ќе чини 7,2 милиони евра.

- Оваа делница која е изградена пред повеќе од 50 години  претставува основна  и сообраќајно најоптеретена врска кон цела источна Македонија. Таа досега имаше недоволна широчина на коловозот, криточни хоризонтални и вертикални кривини, двоводен издеформиран и дотраен коловоз, со брзина на движење од 50 до 70 км/час и повеќе црни точки, рече Георгиевски.

Сите фази треба да бидат готови до 2015 година.

10.10.2013 - 15:16
Фото: 
faktor.mk

најчитано сега