На струшките “фраери“ не им треба дозвола за да си изградат ресторан покрај езеро

Стружаните С.А. (54), Л.Д. (43) и С.Ј. (60) си заработија кривични пријави, откако нелегално си граделе и узурпирале државно земјиште.

Од МВР информираат дека С.А., во 2007 година нелегално си поставил дрвена барака на брегот од Охридското Езеро и си ја користел како ресторан. Л.Д. и С.Ј., пак, спротивно на потпишаниот договор со Министерство за транспорт и врски за закуп на државно земјиште на крајбрежјето на Охридско Езеро, наместо да го уредат земјиштето како сервисни пунктови, изградиле објекти од цврста градба, а по завршувањето на закупот земјиштето не го вратиле во првобитна состојба.

 

10.10.2013 - 14:08

најчитано сега