Иванов го честита 11. Октомври

МАкедонскиот претседател Ѓорге Иванов упати честитка до граѓаните на Република МАкедонија по повод 11 Октомври - Денот на народното востание.

- И годинава, после 72 години од воведот во организираната народно-ослободителна борба, со почит и особена гордост се сеќаваме на сите синови и ќерки на Македонија, на сите чеда на нашата татковина, кои учествуваа во големата борба за слободна Македонија. Во 1941 македонскиот народ активно се вклучи во големата антифашистичка коалиција составена од слободољубиви народи и држави. Коалиција, која успеа да ја порази оската на злото. Со победата над фашизмот, нашата млада Република доби можност рамноправно да застане меѓу слободните нации на Европа и светот, стои во честитката од претседателот Иванов.

Тој во својата честитка истакнува дека пред Република Македонија се уште стојат искушенија и предизвици.

- На нас останува да го продолжиме својот пат, според нашето најдобро знаење и сила. Нека светлината на денешниот ден и понатаму биде водилка во остварувањето на целта. Заедно ги совладавме искушенијата во минатото, заедно ќе се справиме со предизвиците на сегашноста и иднината. Сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ви го честитам Денот на народното востание со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и пријатно празнично расположение, се вели во честитката на претседателот Ѓорге Иванов

10.10.2013 - 13:36

најчитано сега