Важен директор во УЈП падна во „Претседавач“

Директорката на Дирекцијата за големи даночни обврзници, Елена Јанева Димова се најде меѓу приведените во полициската акција „Претседавач“.

Според информациите од полицијата, единаесетмината уапсени се сомничат дека се инволвирани во криминал и малверзации во скопската фирма „Машинопромет“, сторени во периодот од 2008 до 2011 година. Тие денеска се на распит во скопскиот Кривичен суд. 

Јавното обвинителство денеска поднело барање до Основниот суд Скопје 1, да се спроведе истрага, за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против 12 лица, со предлог за определување мерка притвор. Засега се уапсени 11 лица, додека првоосомничениот сеуште е недостапен на органите за прогон.

Кривична пријава заработи М.Ш., претседател на управниот одбор на АД „Машинопромет“ и членовите на Управниот одбор на фирмата, Т.Т, С.М , В.Д и В.В. Вработените во Управата за јавни приходи Е.Ј.Д., С.П. и М.К. се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Денеска пред истражен судија се изведени и четворица сопственици на фирми од Скопје и од Штип.

По денешниот распит, Истражниот судија ќе донесе одлука дали на осомничените ќе им дозволи да се бранат од слобода.

 

10.10.2013 - 13:04

најчитано сега