3 начини за стелиризирање тегли за зимница: Во микробранова сè е готово за 30 секунди

Ако сакате вашата зимница да потрае и да не се расипе, освен квалитетни состојки важна е и подготовката на теглите во кои ќе ја чувате.

Прво што треба да направите е темелно да ги измиете со детергент и вода или кратко да ги зовриете во вода во која сте додале малку алкохолен оцет. Потоа следи стерилизација.

Многу ефикасна техника за стерилизација на теглите е во рерна. Наредете ги теглите на голем плех, на чиста крпа, ставете околу 2 см вода и загрејте на 125 степени. Откако водата ќе почне да врие, извадете ги од рерна. Поклопите можете да ги стелиризирате на ист начин, но малку пократко држете ги во рерна.

Машина за миење садови

Наполнете ја машината за миење садови со чисти тегли и ставете ги на програм за миење со врела вода. Ова е добра метода и за тегили со гума и капаци.

Микробранова печка

Оваа метода користете ја за обични тегли, не за оние со гумирани капаци и метални капаци. Теглите измијте како и обично, но оставете ги да бидат малку влажни. Ставете ги во микробранова на 30-45 секунди во зависност од големината на теглите.

Извор: Готви.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега