Министерот Ивановски на средба со охридскиот градоначалник

 

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, денеска престојуваше во работна посета на Охрид.

За време на посетата министерот Ивановски се сретна со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој го информирал за активностите на локалната самоуправа на административен план и чекорите што се преземаат за зголемување на ефикасноста на вработените.

Министерот Ивановски нагласил дека наскоро ќе следи и дообука на поголемиот број вработени во општинската администрација преку системите за микроучење и електронско учење, како проекти на МИОА.

- Со оглед на наследениот голем број вработени во администрацијата, меѓу кои има и кадар кој бил вработен со несоодветно образование, а имајќи го предвид капацитетот на општината,  се согласивме дека е неопходна дообука на поголемиот број од вработените, што ќе се спроведе преку системот за микроучење. Сите во администрацијата кои доаѓаат на обуки во Министерството  се стекнуваат со корисничко име и добиваат инсталација на нивниот компјутер или телефон, со што ќе може да користат дополнителни обуки. Овој систем ќе служи како потсетник за изучуваната материја, а ќе овозможи и постојана надградба на знаењето, рече министерот Ивановски.

 

09.10.2013 - 16:09
Фото: 
Денешен

најчитано сега