ВМРО-ДПМНЕ: ЈП Куманово Гас тоне во загуба - Дамјановски го доведе градот пред колапс

 

Денеска ќе ви ги презентираме загубите на уште едно јавно претпријатие кое е под општина Куманово и под директна надлежност на СДСМ и Градоначалникот Зоран Дамјановски.

            Во низата загубари во Куманово, покрај ЈП Водовод е и ЈП Куманово Гас. Впрочем кога се работи за јавните претпријатија кои директно се раководени од СДСМ, финансиските загуби и не се ништо ново.

            Поставувањето на новиот директор на ЈП Куманово Гас, Драган Петровски, само го потврди непотизмот во редовите на СДСМ. Таткото на Драган Петровски бил близок пријател на Зоран Дамјановски и како адвокат ја застапувал општината долги години. Ваквото константно недомаќинско работење и именување на кадрите на СДСМ го доведоа Куманово пред целосно уништување. Директна штета од лошото поставување и раководење на кадрите во општината од страна на СДСМ имаат само граѓаните на Куманово.

            Имено, Јавното Претпријатие Куманово Гас бележи постојана загуба од над 30 000 000 денари. Долгот на Јавното Претпријатие наместо да се намалува, тој од тримесечје во тримесечје постојано се зголемува. Во првото тримесечје во 2013 година ЈП Куманово Гас бележи загуба од 1 272 000 денари. Веќе во второто тримесечје во 2013 година ЈП Куманово Гас бележи загуба од 2 816 000 денари. Како што и самите гледате на лошото работење на Градоначалникот и кадрите на СДСМ им нема крај.

            Дека Градоначалникот и кадрите на СДСМ лошо раководат со општината потврда е дека само пред 10-тина дена на последната седница на Советот на општина Куманово мнозинството донесе одлука, која секако не беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, да се зголеми основачкиот влог на претпријатието на 7 000 000 денари. Оваа одлука оди на директна штета на граѓаните бидејќи парите за зголемување на влогот ќе бидат обезбедени од парите наменети за јавното осветлување 4 000 000 денари и од парите обезбедени за изградба на нови патишта и одржување на патишта 3 000 000 денари. Само да напоменеме дека јавното осветлување е под директна надлежност на ЈП Куманово Паркинг претпријатие кое исто така е загубар. Од шупливо во празно, па така двете претпријатија одат во загуба.

 

            Јавните Претпријатија во општина Куманово се во очајна состојба. Сите јавни претпријатија во општина Куманово се во загуба. Зоран Дамјановски општината ја доведе пред банкрот, а градот пред целосен колапс. Кумановчани не го заслужуваат ваквото расипничко работење на СДСМ.

Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ.

08.10.2013 - 13:02

најчитано сега