Тетово: Криел пет килограми марихуана во багажникот

 

Синоќа околу 21 часот во Тетово при полициска контрола на автомобил марка Фиат Ланчија биле пронајдени пет килограми марихуна.

Како што пренесува МИА, во багажникот од возилото на 39-годишниот Ј.И. била пронајдена полиетиленска бела вреќа во која имало пет поголеми пакувања од тревкастата материја, најверојатно марихуана, обвиткани со проѕирна селотејп лента.

Во возилото се наоѓал и 25-годишниот Д.Ѓ. од Дебар кој заедно со возачот бил приведен во полиција.

Возилото е одземено и предадено на крим техника за понатамошна обработка.

08.10.2013 - 11:28

најчитано сега