Му упаднале дома, го затвориле и му ја скршиле раката - драма во куќа во Скопје
Вчера за време на најголемиот христијански празник Велигден, околу 20 часот, 50-годишниот Џ,М. од селото Брест пријавил дека неговиот 42-годишен соселанец Б.Ф. поради претходна расправија, дошол во дворот на скопјанецот заедно со неколку свои роднини и со закана со оружје не дозволувале никој да излезе од куќата.
По преземени мерки на Џ.М. му е укажана лекарска помош во Градската болница „ Св. Наум Охридски„ во Скопје каде му е констатирана скршеница на рака.
Б.Ф. е приведен и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.