Маж од Волково остана без златен накит вреден 300.000 денари
Вчера во периодот од 11 до 7 часот и 45 минути била ограбена куќа во скопското село Волково.
Се работи за куќата на 63-годишниот Ж.Ј. од Волково каде непознат сторител влегол и откако извршил пребарување по собите,одзел разновиден златен накит.
Така крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Полицијата работи на расветлување на кражбата.